Во соопштението се наведува дека во моментов е невозможно да се продолжи со евакуација на граѓаните.
„Тимот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, кој во петокот беше на пат за Мариупол за да овозможи безбедно минување на цивилите, мораше да се врати во Запорожје откако аранжманите и условите го оневозможија продолжувањето“, се вели во соопштението.
Меѓународниот комитет на Црвениот крст претходно денеска објави дека нивни тимови се на пат кон Мариупол, а портпаролот тогаш изјави дека се надеваат дека евакуацијата на илјадници цивили може да почне денеска.






