понеделник, 15 декември 2025

Конвој демонстранти стигна до предградијата на Брисел, полицијата го спречи да влезе во градот (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Тие пристигнаа во Брисел во знак на протест поради ограничувањата воведени за спречување на ширењето на коронавирусот. На возилата не им беше дозволено да влезат во градот, јавува Ројтерс.

Полицијата ги испрати на паркинг на периферијата на Брисел, од каде демонстрантите продолжија пешки до центарот на градот и квартот во кој се наоѓаат институциите на Европската Унија.

Полиција за разбивање демонстрации беше распоредена околу институциите на ЕУ.

Репортерите на Ројтерс виделе околу 150 до 200 демонстранти во центарот на градот и слична бројка во квартот каде што се институциите на ЕУ.

Градоначалникот на Брисел за белгиската телевизија ЛН24 кажа дека демонстрантите, инспирирани од „Конвојот на слободата“ во Канада, немаат дозвола од бриселските власти, немаат лидер и не поставиле никакви барања.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ