Неколку земји ѝ доставија оружје на Украина, вклучувајќи ги САД и Обединетото Кралство. Но, Германија го одби барањето на Украина за муниција. Русија ги отфрли тврдењата дека има намера да ја нападне Украина.
Но, претседателот Владимир Путин упати барања до Западот за кои вели дека се однесуваат на руската безбедност, вклучително и спречување на Украина да се приклучи на воената одбранбена алијанса НАТО.
Тој, исто така, сака НАТО да се откаже од воените вежби и да престане да испраќа оружје во Источна Европа, сметајќи го тоа како директна закана за безбедноста на Русија.
Во меѓувреме, Обединетото Кралство го обвини Путин дека планира да постави промосковска фигура на чело на украинската влада.
Шонбах во саботата рече дека поднесува оставка од својата функција „со моментален ефект“ за да „спречи дополнителна штета“. Тој го коментираше ова додека во петокот зборуваше на тинк-тенк дебата во Индија, а видеото подоцна беше објавено на социјалните мрежи.
Here’s the video that led to the resignation of the German navy chief (part 1/2)
pic.twitter.com/bWIVkyHAwy— Mathieu von Rohr (@mathieuvonrohr) January 22, 2022
Во видеото, Шонбах вели дека Западот мора да го третира Путин како рамноправен. „Лесно е да му се даде почитта што навистина ја бара, а веројатно и ја заслужува“, рече тој.
Во однос на прашањето за Крим, командантот на германската морнарица смета дека „полуостровот веќе го нема“ и „никогаш нема да се врати – ова е факт“.






