четврток, 12 февруари 2026

Колби: НАТО треба да се базира повеќе на партнерство отколку на зависност

НАТО треба да се базира повеќе на партнерство отколку на зависност, изјави денес американскиот заменик-министер за војна Елбриџ Колби, кој учествува на состанок на министрите за одбрана на НАТО во Брисел.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Елбриџ рече дека НАТО е сериозен сојуз фокусиран на одбрана и одвраќање и дека во 2025 година може да се види „преобликување и вистинска посветеност“ на напорите „Европа да ја предводи конвенционалната одбрана“ на НАТО.

„Сега е време да бидеме прагматични. Мислам дека имаме навистина силна основа да работиме заедно во партнерство“, рече Колби пред почетокот на состанокот.

Тој нагласи дека НАТО треба да се базира на партнерство, а не на зависност, и да се врати на она за што Алијансата првично беше наменета.

На денешниот состанок во седиштето на НАТО од Соединетите Американски Држави дојде Колби наместо американскиот министер за одбрана Пит Хегсет, што е втор министерски состанок на Алијансата на кој Вашингтон не ги испраќа своите министри.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ