недела, 15 март 2026

Колапс во Париз: Штрајк го парализираше метрото, милиони луѓе без превоз

Објавено на

часот

Сподели

Денешната акција го наруши патувањето на милиони луѓе, откако француската компанија за јавен превоз РАТП објави дека шест линии на метрото се затворени, додека останатите линии работат само делумно, пренесува Ројтерс.

Главните градски РЕР линии север-југ и исток-запад се исто така силно погодени од штрајкот, додека само две линии, линиите 1 и 14, кои се самоуправувачки бидејќи немаат човечки кондуктер, останале во функција.

Вработените во РАТП велат дека штрајкот е последица на недоволното зголемување на платите што го понудила таа државна компанија, а која претходно најави подготвеност годинава да ги зголеми платите на своите вработени за 2,7 отсто.

Сепак, синдикатите ваквата понуда ја окарактеризираа како провокација.

Јавниот превоз во Париз беше прекинат неколку пати во последните неколку години, а Парижани особено се сеќаваат на повеќемесечните штрајкови во есента 2019 година, кога вработените во јавниот транспорт и железницата протестираа против плановите за пензиски реформи на претседателот Емануел Макрон.

Францускиот претседател подоцна ја повлече реформата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ