Повеќе луѓе се повредени и пренесени во болница, каде лекарите се борат за нивните животи, рече Кличко. Градоначалникот на Киев изјави дека „од безбедносни причини“ нема да ја соопшти локацијата на нападот.
Да потсетиме, руското Министерство за одбрана соопшти дека синоќа со проектил ја погодиле фабриката за оклопни возила во Киев. Нападот дојде откако Русија вчера објави дека ќе ги засили нападите од долг дострел како одмазда за „саботажата“ и „тероризмот“ извршени од украинската војска.
Руското министерство не прецизираше за каква саботажа и тероризам станува збор, но нападите се интензивираа по загубата на нивниот воен брод Москва, кој беше гордост на руската морнарица и за кој Русија тврди дека потонал поради пожарот, отфрлајќи ги украинските тврдења дека бродот бил погоден од руски ракети.






