недела, 15 март 2026

Кинески воен брод вперил ласер во австралиски авион: „Тоа е чин на застрашување“

Објавено на

часот

Сподели

„Ваквата постапка можеше да загрози човечки животи“, се наведува во соопштението на австралиската војска, додавајќи дека остро го осудуваат „ова непрофесионално воено однесување“.

Австралискиот премиер Скот Морисон го осуди денес овој инцидент.

„Не можам да го гледам тоа поинаку освен како обид за застрашување, со ништо неиспровоциран и неоправдан. Австралија никогаш нема да прифати такво однесување“, кажа австралискиот премиер.

Австралискиот министер за одбрана Питер Датон кажа денес дека мисли дека „кинеската влада се надева дека никој нема да одговори на агресивните дела на малтретирање“.

Пилоти на кои во минатото им бил вперен ласер пријавувале дезориентирачки блесоци, болки, грчеви и проблеми со видот, па и негово привремено губење.

Инцидентот се случил во вторникот, кога австралиски авион П-8А летал над Арафурското Море, подрачје меѓу австралиската Северна територија и островот Нова Гвинеја. Бродот на кинеската народноослободителна војска кој го вперил ласерот е еден од двата кинески воени брода кои во тоа време пловеле источно преку Арафурското Море.

Австралиската војска објави фотографии од двата кинески брода, разурнувачи со наведувани проектили „хефеи“ и транспортен брод, но не наведе кој од нив го вперил ласерот во нивниот авион.

Кина засега не ги коментира австралиските обвинувања.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ