понеделник, 29 декември 2025

Кинески Синхуа објави интервју со украински министер без цензура

Објавено на

часот

Сподели

Тоа е интересна одлука, пишува Гардијан додавајќи дека интервјуата не ги објавиле на социјалните мрежи, како што прават обично.

Улогата на Кина во конфликтот како клучен пријател на Русија била предмет на жестока дебата и дискусија. Таа се претстави како миротворец, но во исто време одби да го означи рускиот чин како инвазија и наместо тоа ги обвини САД и НАТО за создавање тензии и нивна ескалација.

Кулеба побара од Кина да обезбеди безбедносни гаранции за Киев, како и од другите постојани членки на Советот за безбедност на ОН, објави Синхуа.

„Предлагаме Кина да стане еден од гарантите на безбедноста на Украина, што е знак на нашата почит и доверба во Народна Република Кина“, рече тој.

Во 2013 година, Кина вети дека ќе ѝ обезбеди безбедносни гаранции на Украина доколку некогаш биде нападната или се наоѓа под закана од нуклеарен напад, но сега се чини дека тоа го избегнува, пренесува АФП.

Како одговор на прашањето за гаранцијата поставено минатиот месец, портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи сугерираше дека таквите „безбедносни гаранции имаат јасни ограничувања и треба да се активираат под одредени услови“, додаде АФП.

Од инвазијата кинеските државни медиуми ја засилија руската пропаганда, одбија да го осудат нападот или да го наречат инвазија и избегнаа да им припишуваат на руските сили украински цивилни жртви, но интересно е што тие не ги цензурираа острите критики на Кулеба, пишува Гардијан.

„Европските земји се во паника бидејќи не можат да бидат сигурни дека Русија нема да ги нападне утре. Ако Русија не биде запрена сега, тоа ќе доведе до нови кризи во наредните години“, рече Кулеба, според новинар на Политико.

АФП додава дека Кулеба ја обвини Русија дека ја загрозува инфраструктурната иницијатива на Пекинг и дека недостигот на храна ќе ја загрози кинеската економија.

„Веруваме дека оваа војна не е во интерес на Кина“, рече Кулеба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ