недела, 14 декември 2025

Кина започнува со изградба на најголемата хидроелектрана во светот

Кинескиот премиер Ли Чијанг го објави почетокот на изградбата на најголемата хидроелектрана во светот, сместена на источниот крај на тибетската висорамнина, чија вредност се проценува на околу 170 милијарди долари.

Илустрација: Википедија

Објавено на

часот

Сподели

Проектот е дел од напорите на Кина за проширување на обновливите извори на енергија и намалување на емисиите на јаглерод, објави вчера кинеската новинска агенција Синхуа, пренесува Ројтерс.

Браната, која ќе се состои од пет каскадни хидроелектрани, ќе биде лоцирана во долниот тек на реката Јарлунг Зангбо и би можела да влијае на милиони луѓе низводно во Индија и Бангладеш.

Властите не кажаа колку луѓе ќе бидат раселени поради проектот во Тибет или како ќе влијае на локалниот екосистем, еден од најбогатите и најразновидните на висорамнината.

Сепак, според кинеските претставници, проектите за хидроелектрана во Тибет нема да имаат големо влијание врз животната средина или снабдувањето со вода низводно.

Индија и Бангладеш сепак изразија загриженост во врска со браната, како и многу невладини организации.

Се проценува дека браната ќе има капацитет од 300 милијарди киловат-часови електрична енергија годишно и се очекува да помогне во задоволувањето на локалната побарувачка за енергија во Тибет и дел од Кина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ