Во својот одговор, министерството исто така ги критикуваше Соединетите Американски Држави, порачувајќи дека не треба да „ги користат другите земји“ како изговор за своите сопствени интереси, пренесува кинеската новинска агенција Синхуа.
„Арктикот ги засега општите интереси на меѓународната заедница“, изјави Мао Нинг, портпаролка на министерството, на прес-конференција.
Пекинг, исто така, нагласи дека односите меѓу државите мора да се водат во согласност со правилата на Обединетите нации.
Трамп: Мораме да го поседуваме Гренланд за да ги спречиме Русија и Кина да го земат
Американскиот претседател Доналд Трамп пред два дена изјави дека САД мора да го „поседуваат“ Гренланд за да спречат негово преземање од Русија и Кина, најавувајќи дека тоа ќе се постигне на полесен или потежок начин.
TRUMP: “If we don’t do it, Russia or China will take over Greenland, and we’re not going to have Russia or China as a neighbor. Okay?”
“I would like to make a deal the easy way. But if we don’t do it the easy way, we’re going to do it the hard way.”
“I’m a fan of Denmark…but,… pic.twitter.com/xDuqtD4yKT
— Fox News (@FoxNews) January 9, 2026
Изјавата доаѓа по неодамнешните сигнали од Белата куќа дека администрацијата размислува за купување на автономната територија од Данска, но не ја исклучи опцијата за присилна анексија. И Данска и Гренланд одлучно ја отфрлија понудата на Трамп, велејќи дека територијата не е на продажба. Копенхаген предупреди дека каква било воена акција против членка на НАТО би значела крај на трансатлантскиот одбранбен сојуз.
Загриженоста за иднината на Гренланд дополнително се зголеми по неодамнешната воена акција на САД во Венецуела. Трамп претходно понудил да го купи островот за време на неговиот прв мандат во 2019 година, но му било соопштено дека не е на продажба. Најавено е дека американскиот државен секретар Марко Рубио ќе разговара со дански официјални лица следната недела.






