Кинеската амбасада во Украина ги повика кинеските државјани и деловните субјекти во земјата да останат дома и ги советуваше оние што патуваат со автомобил да стават кинеско знаме на видно место на возилото. Амбасадата не им кажа на кинеските државјани да се евакуираат откако другите земји им го посоветуваа тоа на своите граѓани.
Украина соопшти дека најмалку седум лица загинале во руското гранатирање, а најмалку девет се ранети.
Откако рускиот претседател Владимир Путин утрово најави воена операција против Украина, луѓето ги напуштаат градовите, а на сликите на агенциите се гледа пожар од воената инсталација во близина на аеродромот.
Air raid sirens as refugee convoy hits traffic on outskirts of Kyiv. This is very, very real now. pic.twitter.com/XzPK7BpCqj
— Max Hunder (@Max_Hunder) February 24, 2022
Еден проектил наводно паднал среде Киев.
#Ukraine ??: missile debris stuck in a pavement in #Kyiv. pic.twitter.com/LmOColEJh5
— Thomas van Linge (@ThomasVLinge) February 24, 2022
Силни експлозии одекнаа утрово во Киев, Одеса и Харков, веднаш откако рускиот претседател Владимир Путин најави воена операција против Украина.
Во пристанишниот град Мариупол, најголемиот украински град во близина на фронтот, со речиси половина милион жители, се слуша артилериски оган од источниот дел на градот.
Поблиску до линијата на конфликтот меѓу проруските сепаратисти и украинските сили, најмалку четири силни експлозии одекнаа во Краматорск, каде шти се наоѓа Генералштабот на украинската армија, според АФП.
Министерството за инфраструктура соопшти дека го затвора воздушниот простор на Украина.






