недела, 29 март 2026

Кина: Светот нема ништо да добие со нова студена војна, ги разбираме руските барања

Објавено на

часот

Сподели

„Студената војна одамна заврши. Начинот на размислување од Студената војна за блоковски конфликт мора да се напушти“, кажа Жанг Јун на говорницата на Генералното собрание, истакнувајќи дека „сите губат“ со враќањето на таквата политика.

На вонредната седница на Генералното собрание на ОН 193-те членки на светската организација треба да се определат за руската инвазија на Украина.

Кина, која не сака да ја осуди Русија, повика на смирување со посредство на портпаролот на министерството за надворешни работи Ванф Венбин кој ги повика завојуваните страни „да останат мирни и воздржани за да се спречи нова ескалација“.

Кинеската дипломатија од избивањето на конфликтот вешто одржува рамнотежа меѓу политичката блискост со Москва и својата традиционална одбрана на „суверенитетот и територијалниот интегритет“ на државите.

Пекинг во петокот одби да гласа за резолуцијата на Советот за безбедност за осуда на руската агресија, но не беше против туку воздржан.

Кинеските власти не зборуваат за „руска инвазија“ и велат дека ги „разбираат руските безбедносни барања“ оценувајќи ги како „разумни“, поддржувајќи ги обвиненијата на Москва кон НАТО.

[video:https://youtu.be/P2MoQnBYCqU autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ