среда, 1 април 2026

Кина предупредува дека ќе преземе остри мерки доколку Пелоси го посети Тајван

Објавено на

часот

Сподели

Кина го смета демократски управуваниот Тајван за сопствена територија и е постојан извор на тензии меѓу Пекинг и Вашингтон, особено со оглед на силната американска воена и политичка поддршка за островот.

Можната посета не е потврдена ниту од канцеларијата на Пелоси, ниту од тајванската влада, но некои јапонски и тајвански медиуми објавија дека тоа ќе се случи откако таа ќе ја посети Јапонија овој викенд.

Портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи Жао Лиџијан, изјави за новинарите дека Пекинг силно се противи на сите форми на официјална интеракција меѓу Соединетите Држави и Тајван, а Вашингтон треба да го откаже патувањето.

Последиците од секоја посета ќе ги сносат САД, додаде тој, без да даде детали.

Во недела се одбележува 43-годишнината од американското потпишување на законот за односи со Тајван кој ги регулира врските во отсуство на официјални дипломатски односи и кој содржи американска обврска да му обезбеди на Тајван средства за одбрана.

Последен пат претседателот на Претставничкиот дом го посети Тајван во 1997 година, кога Њут Гингрич се сретна со тогашниот претседател Ли Тенг-Хуи.

Пелоси, долгогодишна критичарка на Кина, особено за човековите права, одржа виртуелен состанок со тајванскиот потпретседател Вилијам Лаи во јануари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ