недела, 29 март 2026

Кина повика на враќање на дијалогот за политичко решение во Украина

Објавено на

часот

Сподели

Кинеската влада ги повика страните во конфликтот во Украина да се вратат на патот на преговорите и да спроведат политичко решение за украинската криза, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Ванг Венбин на редовниот брифинг во понеделникот.

„Ги повикуваме сите страни што поскоро да се вратат на патот на дипломатските преговори и политичкото решение. Исто така, предлагаме да се преземе сеопфатно решавање на проблемот со Украина преку преговори и консултации“, рече тој.

Тој исто така истакна дека Кина ја следи ситуацијата во Украина и ја забележала одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да ги стави руските сили за одвраќање во специјална готовност.

„Ги повикуваме сите засегнати страни да покажат смиреност и воздржаност и да избегнат понатамошна ескалација“, нагласи тој.

Делегациите на Украина и Русија ги завршија денешните преговори за украинско-белоруската граница, напиша советникот на министерот за внатрешни работи од Киев, Антон Герашченко, но сѐ уште не се знае дали е постигнат договор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ