Одлуката е донесена во време кога Пекинг ги организира Зимските олимписки игри и кога земјата се соочува со спорадични случаи на инфекција. Кинеските власти досега немаат одобрено ниту една странска вакцина против ковид-19.
Паксловид беше одобрен кон крајот на декември во Соединетите Држави, а оттогаш и во четириесетина други земји. Директорите на Фајзер изјавија дека компанијата е во преговори со повеќе од сто земји за Паксловид и може да испорача 120 милиони дози оваа година.
Кинеската национална администрација за лекови го одобри лекот „условно“ и, како и другите земји, само за пациенти со ризик од развој на тежок ковид-19, стои во објавата на нивната веб-страница.
China approves use of Pfizer’s COVID drug Paxlovid https://t.co/ma3tyBysNM pic.twitter.com/9xKI1FJGBC
— Reuters (@Reuters) February 12, 2022
Кина спроведува нулта толеранција кон ковид од почетокот на епидемијата и ги презема сите мерки за ограничување на појавата на нови случаи, од кои официјално има само неколку десетици дневно.
На пример, во саботата беа пријавени само 40 нови случаи на инфекција низ целата земја.
Иако овие бројки се неспоредливи со оние што секојдневно се забележуваат во другите делови на светот, тие ги принудуваат кинеските власти да ја удвојат будноста во време кога Пекинг е домаќин на Зимските олимписки игри до 20 февруари.
Сите странски учесници се ограничени на област строго одвоена од остатокот на кинескиот главен град.






