вторник, 31 март 2026

Кина: Никогаш нема да ја нападнеме Украина. Ние сме пријатели, ќе помогнеме

Објавено на

часот

Сподели

„Кина никогаш нема да ја нападне Украина. Ќе помогнеме, особено економски… во оваа ситуација во која ќе се однесуваме одговорно“, рече кинескиот амбасадор во Украина, Фан Ксијанронг.

Тоа, како што пренесува Си-ен-ен, му го кажал на својот домаќин Максим Козицки, висок воен функционер од Лавов.

„Кина е пријателска земја на украинскиот народ. Како амбасадор, можам да кажам дека секогаш ќе бидеме сила на доброто за Украина, како економски така и политички“.

Вчера се огласи и кинескиот амбасадор во САД, кој во обемен текст ја образложи позицијата на Кина. Амбасадорот на Народна Република Кина во САД Чин Ганг вчера за Вашингтон пост ја коментираше ситуацијата во Украина како и наводите дека кинеските власти биле запознаени со плановите на руската армија уште пред инвазијата.

„Многу Американци се обидуваат да ја разберат позицијата на Кина за ситуацијата во Украина, па ја користам оваа прилика целосно да објаснам и да ги отфрлам сите недоразбирања и гласини. Имено, постојат наводи дека Кина веќе од порано знаела за плановите на руската армија и побарала од Русија да се одложи инвазијата до крајот на Зимските олимписки игри“, пишува Ганг.

„Дополнително, имаше гласини дека Русија побарала воена помош од Кина. Одговорно тврдам дека тврдењата дека Кина знаела, се согласила или премолчено ја поддржала оваа војна се чиста дезинформација. Сите овие тврдења сакаат да ја префрлат вината на Кина. Во Украина веќе имаше 6.000 кинески граѓани“, додаде тој.

„Кина е најголемиот трговски партнер и на Русија и на Украина и најголемиот увозник на сурова нафта и природен гас во светот и нема никаква корист од војната во Украина. Ако Кина знаеше за неизбежната криза, ќе се обидевме да ја спречиме. Кина е посветена на надворешната политика на мир“, вели Ганг.

Што се однесува до Украина, позицијата на Кина е објективна и непристрасна: целите и принципите на Повелбата на ОН мора да се почитуваат во целост; суверенитетот и територијалниот интегритет на сите земји, вклучително и на Украина, мора да се почитуваат. Легитимните безбедносни грижи на сите земји мора да се согледаат сериозно и треба да се поддржи секој обид кој придонесува за мирно решение на кризата“, рече амбасадорот.

„Затоа, заканите што некои американски функционери ги испраќаат до кинески субјекти и компании се неприфатливи. Ниту војната ниту санкциите не можат да донесат мир. Нема да успее истовременото воведување санкции кон Кина и барањето на наша поддршка и соработка“, додаде тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ