вторник, 31 март 2026

Кина: На Украина ѝ треба храна, а не оружје

Објавено на

часот

Сподели

„Кина е секогаш посветена на почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на сите земји, почитување на целите и принципите на Повелбата на ОН, придавање важност на легитимните безбедносни грижи на сите земји, поддршка на сите напори за помош за мирно решавање на кризата и промовирање на мировните разговори“, рече Жао Лиан и додаде: „Позицијата на Кина е пред сè фер, објективна и неприкосновена“.

Жао денеска повтори дека некои луѓе во САД шират дезинформации за клевета и притисок врз Кина, што е крајно неодговорно и нема да помогне да се реши проблемот. Кина силно се спротивставува на тоа и никогаш нема да го прифати, додаде тој.

„САД треба сериозно да размислат за својата улога во украинската криза, да ја преземат својата одговорност и да преземат конкретни активности за ублажување на ситуацијата и решавање на проблемот, наместо да долеваат масло на огнот и да ја префрлаат вината за конфликтот на други“, рече тој.

Жао рече дека на Украина ѝ треба храна, а не оружје, и дека испраќањето американска воена помош во земјата нема да донесе мир.

Си-ен-ен пишува дека разговорот меѓу Бајден и Си може да биде потенцијална пресвртница за врските меѓу САД и Кина. Претставниците на Белата куќа со зголемена загриженост го следат претстојното партнерство меѓу Си и Путин, а реакцијата на Кина на руската инвазија на Украина западните набљудувачи ја сметаат за загрижувачка.

Претставници на Белата куќа рекоа дека очекуваат разговорот да стане „интензивен“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ