вторник, 31 март 2026

Кина му одговори на НАТО: А кој ја бомбардираше нашата амбасада во Југославија?

Објавено на

часот

Сподели

„Кина никогаш нема да заборави кој ја бомбардираше кинеската амбасада во Југославија и не ѝ се потребни предавања од оние кои го прекршиле меѓународното право“, наведено е на сајтот на мисијата на Кина во Европската Унија.

Соопштението, како што се наведува, е објавено како одговор на критиката на кинескиот став во врска со украинската криза од страна на НАТО.

Во соопштението се истакнува и дека НАТО, како остаток од Студената војна и најголем воен пакт во светот, продолжува да ги проширува својата територија и спектарот на операции.

„НАТО би требало добро да размисли каква улога игра во обезбедувањето на мирот и стабилноста во целиот свет“, се истакнува во текстот на соопштението.

Претходно генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја повика Кина да ја осуди специјалната воена операција на Русија во Украина, која на 24 февруари ја објави рускиот претседател Владимир Путин.

Министерството за надворешни работи на Кина повеќе пати истакнуваше дека во однос на украинската криза, Кина секогаш постапувала објективно и непристрасно, носела независни одлуки и го изнесувала сопствениот став врз основа на суштината на самиот проблем. Покрај тоа, Кина, како што се наведува, секогаш повикувала на дијалог и преговори со цел смирување на ситуацијата.

На 7 мај 1999 година, среде бомбардирањето на Сојузна Република Југославија од страна на НАТО, беше погодена кинеската амбасада во Белград. Тогаш загинаа три лица, а над 20 беа ранети.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ