сабота, 7 март 2026

Кина испраќа хуманитарна помош во Украина

Објавено на

часот

Сподели

Кина одбива да го осуди рускиот напад врз Украина и одбива да го нарече инвазија, повикувајќи го Западот да ги почитува „легитимните безбедносни барања“ на Москва.

„Украинската ситуација“, рече Ванг, „е сложена“ и не се случи преку ноќ.

„Решавањето на сложени проблеми бара смиреност и здрав разум, а не додавање масло на огнот“, рече Ванг на прес-конференција за време на седницата на кинеското Национално собрание, пренесе Ројтерс.

Кина веќе направи „одредена работа“ за промовирање на мировните преговори и цело време е во контакт со сите страни, додаде тој.

„Кина е подготвена да продолжи да игра конструктивна улога во поттикнувањето на мирот и промовирањето на преговорите и е подготвена да соработува со меѓународната заедница за да посредува кога е потребно“.

Кина е изложена на се погласни повици да се вклучи во решавањето на кризата.

Австралискиот премиер Скот Морисон во понеделникот ја повика Кина да се приклучи на глобалните напори за ставање крај на руската инвазија на Украина, бидејќи смета дека не постои земја што ќе има поголемо влијание од Кина на крајот на војната во Источна Европа.

„Кина долго време тврдеше дека како една од најголемите светски сили треба да придонесе за глобалниот мир и стабилност. Нема земја која ќе има поголемо влијание врз завршувањето на оваа ужасна војна во Украина од Кина“, рече Морисон во говорот во Институтот Лови во Сиднеј.

Морисон, чија влада се судри со својот најголем извозен трговски партнер поради низа прашања, рече дека е запрепастен од воздржаноста на Кина.

„Го слушав гласот на кинеската влада кога станува збор за осуда на руските дејствија и владееше застрашувачка тишина“, рече тој.

Пријателството со Русија, истакна Ванг, „е исклучително цврсто“, а изгледите за соработка се големи.

„Без разлика колку е злокобна меѓународната ситуација, Кина и Русија ќе ја задржат својата стратешка определба и незапирливо ќе се залагаат за сеопфатно стратешко партнерство на координација во новата ера“, рече Ванг.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ