недела, 14 декември 2025

Кина ги суспендира царините за американски производи за 90 дена

Кина ќе ги суспендира дополнителните царини за американски стоки за 90 дена, соопшти денес Министерството за трговија на земјата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Одлуката дојде откако американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба за продолжување на постојните царини, објави Ројтерс. Царината од 10 проценти за американски производи ќе остане на сила, се вели во соопштението, а Пекинг ќе преземе мерки за решавање на нетарифните бариери што влијаат врз американските производи.

Одложувањето беше очекуван исход од последната рунда разговори меѓу американските трговски преговарачи и нивните кинески колеги, што се одржа во Стокхолм кон крајот на минатиот месец.

Царинското примирје меѓу Пекинг и Вашингтон требаше да истече на 12 август, и доколку не беше продолжено, американските царини за кинески стоки ќе скокнеа на 145 проценти, а кинеските царини за американски стоки на 125 проценти.

Двете страни објавија прелиминарен договор во мај по разговорите во Женева, Швајцарија, кога се согласија и за 90-дневна пауза во конфликтот за да се овозможи понатамошно преговарање.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ