Треба да се почитуваат легитимните безбедносни барања на секоја земја, му рекол Ванг на американскиот државен секретар Антони Блинкен во телефонски разговор, се вели во соопштението на кинеското Министерство за надворешни работи.
Забрзувајќи ја кризата, за која Западот стравува дека може да предизвика војна, рускиот претседател Владимир Путин вчера нареди распоредување на војници во двата отцепени региони во источна Украина, откако ги призна како независни.
Русија негира каков било план за напад на Украина, но се закани со неодредена воено-техничка акција доколку не добие сеопфатни безбедносни гаранции, вклучително и ветување дека соседна Украина никогаш нема да се приклучи на НАТО.
„Ситуацијата во Украина се влошува. Кина уште еднаш ги повикува сите страни на воздржаност“, му рече Ванг на Блинкен.
Кина ќе остане во контакт со сите страни, додаде Ванг. Во повикот Блинкен ја истакна потребата од зачувување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во екот на руската агресија, изјави Нед Прајс, портпарол на американскиот Стејт департмент.






