четврток, 1 јануари 2026

Ким Џонг Ун на воена парада вети дека ќе го јакне нуклеарниот арсенал (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Ќе продолжиме да преземаме чекори за јакнење и развој на нуклеарните капацитети на нашата земја со најбрзо темпо“, кажа Ким, според транскриптот кој го објави Корејската централна новинска агенција.

КЦНА објави дека Ким одржал говор синоќа на парада по повод 90-годипнината од формирањето на Корејската народна револуционерна армија на плоштадот Ким Ил Сунг во Пјонгјанг.

Северна Кореја е под остри меѓународни санкции поради својата програма за нуклеарно вооружување.

Ким кажал дека нуклеарното оружје на Северна Кореја е „симбол на националната моќ“ и дека земјата „и понатаму ќе ги јакне и развива нуклеарните сили со најголема можна брзина“.

Пјонгјанг годинава спроведе повеќе тестирања на оружје, вклучувајќи лансирање интерконтинентална балистичка ракета со голем дострел за првпат од 2017 година.

Иако примарната улога на нуклеарното оружје на земјата е одвраќањето, „тоа не може да биде врзано само за една мисија“, кажал Ким во своето обраќање.

„Ако која било сила се обиде да ги узурпира основните интереси на нашата земја, нашите нуклеарни сили нема да имаат друг избор освен неочекувано да ја извршат својата втора мисија“, порачал.

КЦНА објави дека на парадата било најсофистицираното оружје на Северна Кореја, вклучувајќи го проектилот „хвасонг-17“ кој наводно бил успешно тестиран на 24 март.

[video:https://youtu.be/R9l_NdsSbhE autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ