понеделник, 30 март 2026

Киев: Евакуацијата од Мариупол е прекината, Русите не го почитуваат примирјето

Објавено на

часот

Сподели

Евакуацијата на цивилите, која требаше да започне во 10 часот по средноевропско време, е одложена поради безбедносни причини, објавија градските власти преку Телеграм. Цивилите кои требало да го напуштат градот се вратени во засолништата.

„Во тек се преговори со Русите за воспоставување строг прекин на огнот и воспоставување безбеден хуманитарен коридор“, додадоа властите.

Русија утринава објави прекин на огнот заради евакуација на цивилите од два града во североисточниот дел на земјата, Мариупол и Волноваха. Коридорот за евакуација на цивилите требало да води до украинскиот град Запорожје, кој се наоѓа на околу 220 километри северозападно.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ