среда, 10 декември 2025

Киев до Русија: Ако не сакате војна, повлечете ја натрупаната војска од границата

Објавено на

часот

Сподели

„Ако руските лидери се сериозни кога кажуваат дека не сакаат нова војна, Русија мора да ги продолжи своите дипломатски напори и да ги повлече силите натрупани долж украинската граница и на привремено окупираните украински територии“, објави на Твитер украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.

„Дипломатијата е единствениот можен пат“, истакна Кулеба.

Русија распореди над 100.000 војници и воена опрема на своја територија во близина на украинската граница, а западните земји тврдат дека стравуваат од можна инвазија.

Москва негира дека сака да ја нападне Украина, истакнувајќи дека не сака војна, туку гаранции од Соединетите Американски Држави и НАТО за својата безбедност, пред сè дека Украина нема да стане членка на западниот воен пакт и дека Вашингтон нема да отвора нови бази во поранешните советски републики.

„Русија не сака да биде во позиција нејзината безбедност постојано да се загрозува“, што би се случило ако Украина влезе во НАТО, кажа вчера шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Во телефонски разговор со францускиот колега Жан Ив ле Дријан украинскиот министер за надворешни работи во саботата повика Западот да „биде внимателен и решителен во контактите со Русија“, кажувајќи дека се залага за „политичко и дипломатско решение на кризата“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ