Мајли на брифинг зад затворени врати на 2 и 3 февруари кажал дека руска инвазија на Украина во полн обем би можела да резултира со загинување на 15.000 украински и 4.000 руски војници.
Неколку американски пратеници изразиле загриженост за тоа што администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден не реагирала брзо за да ѝ пружи на Украина значителна воена помош, како системи за противвоздушни и ракетни лансери со кои би се одбраниле од Русија.
Претставници на администрацијата на Бајден на состаноците одговориле на овие загрижености, кажувајќи дека значително количество воена помош на Украина би можело да биде искористено како причина за инвазија на земјата.
Киев доби парична помош од Соединетите Американски Држави во износ од 200 милиони долари, додека 600 милиони стигнаа од Британија и балтичките земји.
На спомнатите брифинзи присуствувале неколку функционери на американската влада, вклучувајќи го државниот секретар Ентони Блинкен, секретарот за одбрана Лојд Остин, директорката на Националната разузнавачка служба Аврил Хејнс и генералот Марк Мајли.






