понеделник, 8 декември 2025

Киднапирани украински деца завршиле во Северна Кореја: Активистка објави фотографии како доказ (ФОТО+ВИДЕО)

Некои украински деца депортирани од Русија од окупираните територии се испраќаат во воени логори во Северна Кореја, изјави Катарина Рашевска, експерт во Регионалниот центар за човекови права, за време на сослушувањето во Сенатот на Соединетите Американски Држави.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Како што наведе, документирани се 165 воени кампови во кои украинските деца се милитаризираат и русифицираат. Овие кампови функционираат на окупирани територии, во рамките на Русија, во Белорусија, но и на територијата на Северна Кореја.

Рашевска покажа фотографии на 12-годишниот Миша од окупираниот регион Доњец и 16-годишната Лиза од окупираниот Симферопол, кои беа испратени во камп во Северна Кореја – на повеќе од 9.000 километри од дома.

„Таму, децата учеле да ги „уништуваат јапонските милитаристи“, а се сретнале и со корејски ветерани кои го нападнале бродот „УСС Пуебло“ во 1968 година, убивајќи и ранувајќи девет американски војници“, рече таа.

До октомври оваа година, Украина потврди дека повеќе од 19.000 деца биле нелегално киднапирани.

Враќањето на овие деца е заеднички напор. Минатата година беше формирана Меѓународната коалиција за враќање на украинските деца, која ја сочинуваат 41 земја и Советот на Европа.

Меѓународниот кривичен суд во Хаг издаде налог за апсење на рускиот диктатор Владимир Путин и руската комесарка за правата на децата Марија Лвова-Белова во 2023 година, поради сомнение за нелегално депортирање украински деца од окупираните територии во Русија. Во јули 2023 година, украинското обвинителство започна истрага за улогата на белорускиот Црвен крст во депортацијата на деца.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ