понеделник, 15 декември 2025

Келог импресиониран од иновациите на украинската одбранбена индустрија

Кит Келог, специјалниот пратеник на американскиот претседател за Украина и Русија, ги пофали иновативните способности на Украина во производството на борбени дронови, истакнувајќи дека и американската одбранбена индустрија треба да обрне внимание на овие достигнувања, напиша тој на социјалната мрежа Икс откако ги разгледа украинските дронови.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

„Лично видов како се градат и развиваат дронови произведени во Украина. Неверојатна иновација, особено во областа на дроновите“, ги сподели своите впечатоци американскиот претставник.

Тој нагласи дека во новата ера на модерно војување „тие (Украинците) предводат“.

Келог исто така коментираше за импресивната брзина во иновациите на Украина, како и за нејзината приспособливиот.

„Нашата одбранбена индустрија треба да го препознае ова и да се прилагоди“, заклучи американскиот пратеник.

Според Укринформ, клучни претставници на украинската влада вчера им презентираа примероци од дронови произведени во земјата на Кит Келог и неговиот тим.

На делегацијата ѝ беа прикажани околу 30 различни модели, вклучувајќи тактички, оперативно-тактички и стратешки дронови, камикази, извидувачки единици, пресретнувачи, поморски дронови и други летала кои моментално широко и ефикасно ги користат украинските сили.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ