петок, 12 декември 2025

„Ќе го гаѓаме Безос со расипани јајца“: Холанѓаните гневни поради мегајахтата

Објавено на

часот

Сподели

Жителите на Ротердам на Фејсбук повикаа да се организира настан наречен „Фрлање јајца на суперјахтата на Џеф Безос“ во знак на протест.

„Ги повикуваме сите жители на Ротердам, понесете кутија со расипани јајца и ајде да ги фрлиме на суперјахтата на Џеф кога таа ќе плови“, се вели во описот на настанот.

„Ротердам е изграден од жителите на Ротердам од урнатини и ние не го демонтираме само поради фаличниот симбол на мегаломанскиот милијардер. Не без борба“, се наведува понатаму во описот.

Настанот е закажан за 1 јуни, а илјадници луѓе посочија дека се заинтересирани за него.

Се предвидува дека мегајахтата на Безос ќе чини 500 милиони долари и во моментов се гради во Холандија. Кога бродот ќе биде завршен, ќе мора да помине низ Ротердам за да стигне до океанот и на крајот до Безос.

Меѓутоа, проблемот е што трите јарболи на мегајахтата се превисоки за да поминат под познатиот ротердамски мост Конингсхавен.

Градоначалникот на Ротердам, Ахмед Абуталеб, во четвртокот рече дека конечната одлука за демонтирање на мостот сè уште не е донесена, но ако тоа сепак се случи, Безос или Океанко, компанијата што ја гради јахтата, можеби ќе треба да ја платат сметката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ