недела, 15 март 2026

Кавга во Советот за безбедност, рускиот амбасадор ја обвини Украина за агресија

Објавено на

часот

Сподели

Американската амбасадорка Линда Томас Гринфилд ја отфрли изјавата на Путин дека руската војска во Доњецк и Луганск ќе има миротворна улога.

„Ги нарекува единици за одржување на мирот. Тоа е глупост. Знаеме што се навистина“, кажа Томас Гринфилд.

Украинскиот амбасадор Сергиј Кислитсја истакна дека, и покрај потегот на Русија, границите на неговата земја остануваат „непроменети“.

Ја повика Москва да ја поништи одлуката за признавање на сепаратистичките покраини во источниот украински регион Донбас.

„Бараме од Русија да ја поништи таа одлука и да се врати на преговарачката маса“, кажа амбасадорот.

Кажа дека Киев ја осудува наредбата за распоредување „окупациски сили“ во источна Украина и побара целосно и итно повлекување на тие сили.

Рускиот амбасадор во ОН Василиј Небензја кажа дека Москва е и понатаму „отворена за дипломатско решение“, но предупреди на, како што кажа, „украинската агресија“.

„Не планираме да дозволиме ново крвопролевање во Донбас“, кажа рускиот амбасадор, додавајќи дека тоа, откако Москва ги призна Доњецк и Луганск, би можело да има „изразено опасни последици“.

Путин синоќа во долгото телевизиско обраќање за Украина, која ја смета за дел од руската историја и нејзиниот исток за древна руска земја, кажа дека е пропадната држава и марионета на Западот.

Томас Гринфилд кажа дека говорот на Путин е „низа скандалозни и лажни тврдења“ изговорени за да се создаде „изговор за војна“.

Русија, која во моментов претседава со Советот за безбедност, побара седницата да се одржи зад затворени врати, но ОН инсистираше да биде јавна.

[video:https://youtu.be/ptP3T7pYxiw autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ