вторник, 20 јануари 2026

Кат од зграда во Париз се урна за време на забава, повредени се 20 лица (ВИДЕО)

Петтиот кат од станбена зграда во Париз се урна синоќа врз четвртиот кат од истата зграда, во време кога околу педесет луѓе беа собрани на забава во станот чиј кат се урна, при што 20 од нив беа повредени, соопшти противпожарната бригада во француската престолнина.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

При уривањет на кат од зграда, што се случи кога подот од приватен стан на петтиот кат се урна за време на прослава, едно лице беше тешко повредено и доживеа срцев удар, а 19 лица претрпеа полесни повреди, пренесува телевизијата БФМ.

Пожарникарите ги извлекоа сите повредени од урнатините, од кои 16 беа пренесени во болница од службите за итни случаи.

Пожарникарите биле известени дваесетина минути по полноќ дека петтиот кат од шесткатна зграда, на адреса Амело 34, се урнал врз четвртиот кат.

Зградата потоа беше евакуирана, заедно со две соседни згради, но жителите на двете соседни згради се вратија во своите станови во текот на ноќта.

Во операцијата учествувале 125 пожарникари и околу четириесет возила.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ