недела, 12 април 2026

Карни: Путин постојано поставува нови услови и одложува затоа што се плаши од средба со Зеленски

Рускиот претседател Владимир Путин се плаши од средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски за да разговара за условите за завршување на војната, изјави канадскиот премиер Марк Карни на заедничка прес-конференција со германскиот канцелар Фридрих Мерц.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според Укринформ, Карни рекол дека Путин постојано поставува нови услови и одолговлекува затоа што се плаши од таа средба. Според канадскиот премиер, Зеленски е подготвен да се сретне со Путин на која било неутрална територија.

Канадскиот премиер нагласи дека Зеленски не очекува Путин да дојде во Киев или дека самиот ќе патува во Москва за таков состанок. Сепак, секоја неутрална локација би била прифатлива, додаде Карни.

Тој додаде дека е клучно сојузниците на Украина да продолжат да даваат поддршка додека не се одржи таков состанок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ