петок, 30 мај 2025

Кардинал откри кога ќе биде познат новиот папа

Грегорио Роса Чавез, кардинал од Салвадор, вечерва за РТЛ изјави дека името на новиот папа ќе биде објавено во петок.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Мислам дека ќе знаете кој е новиот папа во петок. Во петок попладне ќе го знаете неговото име“, рече Чавез.

Конклавата, тајниот процес за избор на нов папа, започнува во среда и трае додека не се избере новиот поглавар на Католичката црква. Рекордни 133 кардинали ќе имаат право на глас на оваа конклава, од кои 108 беа назначени од покојниот папа Франциско.

Кога ќе започне конклавата, сите кардинали ќе положат заклетва за тајност, а потоа ќе почнат да гласаат двапати дневно – двапати наутро и двапати попладне – сè додека две третини од кардиналите не постигнат договор за нов папа.

По секое гласање, гласачките ливчиња се горат. Црниот чад од оџакот значи дека папата сè уште не е избран и дека гласањето продолжува. Белиот чад означува дека Католичката црква има нов поглавар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ