сабота, 14 март 2026

Канадската влада доби вонредни овластувања за да го сопре „Конвојот на слободата“ (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Канадскиот министер за јавна безбедност Марко Мендичино кажа дека е време полицијата да почне да ги користи своите широки овластувања дадени со канадскиот закон за вонредни ситуации.

„Ѝ дадовме нови овластувања на полицијата и таа ни е потребна сега да ја заврши работата“, кажа Мендичино откако Трудо објави дека законот ѝ дозволува на владата да забрани блокади и да ги отстрани камионите.

Властите не најавија кога и каде ќе почне пресметката против самонаречениот „Конвој на слободата“ и дека сè уште работи на конечните детали за тоа каде ќе бидат забранетите зони.

[video:https://youtu.be/042H0VbmZnE autoplay:0]

Владата ќе може да збрани блокади на граничните премини, аеродромите и во главниот град Отава, да ги замрзне личните и деловните банкарски сметки на камионџиите и да ги суспендира нивните дозволи.

Исто така може да ангажира влечни служби да ги поместат големите пречки од раскрсниците и од населбите. Досега некои шлеп-служби не сакаа да соработуваат затоа што ги поддржуваат камионџиите или од страв од насилство.

Од крајот на јануари демонстрантите во камиони и други возила ги затворија улиците на Отава и го блокираа граничниот премин со САД незадоволни од обврската за вакцинација за возачите на камиони како и други ограничувања, а протестите во меѓувреме прераснаа во општи негодување против владата на Трудо.

Трудо ја донесе одлуката поради растечките фрустрации од неуспехот на владата и ден откако Кралската канадска коњичка полиција уапси 11 лица на блокираниот граничен премин во Кутс во државата Алберта и ги заплени нивните оружја и муниција.

Најпрометниот и најважен граничен премин меѓу Канада и САД, мостот Амбасадор, повторно беше отворен во неделата откако полицијата уапси десетици демонстранти.

Властите соопштија дека сообраќајот повторно се одвива на граничниот премин на Пацифичкиот автопат јужно од Ванкувер.

[video:https://youtu.be/_CVL6nWz-TU autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ