вторник, 30 декември 2025

Канада ќе го продава запленетиот руски имот и со тие пари ќе ѝ помага на Украина

Објавено на

часот

Сподели

„Бараме можност не само да го заплениме, туку и да одобриме конфискување на имотот на санкционираните поединци и правни лица и со тоа да ги обештетиме (украинските) жртви“, кажа канадската министерка за надворешни работи Мелани Жоли.

Премиерот Џастин Трудо им кажа на новинарите дека Канада бара „начини и понатаму да казнува“ со одземање на имотите на оние кои се санкционирани.

Од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари, Канада воведе санкции за „над 1.100 луѓе и правни лица“ кои се наводни соучесници на власта на претседателот на Русија Владимир Путин. Дел од тие санкции се преземени во координација со другите западни земји.

„Ние сме првата земја од Г7 која го понуди новиот механизам (продажба на запленетиот имот) бидејќи веруваме дека тоа ќе функционира“, им објасни министерката на новинарите и додаде дека нема „јасни проценки“ за тоа колкави суми би можеле да бидат собрани со овој нов механизам.

Жоли сепак прецизираше дека „имотот на руските олигарси во Канада е значителен“.

Покрај новиот указ за тоа донесен во парламентот во вторникот, Канада најави и нови санкции, овој пат против „11 високи функционери и 192 члена на народните совети на таканаречените народни републики Луганск и Доњецк“.

„Канада нема со скрстени раце да гледа како претседателот Путин и неговите соучесници неказнето се обидуваат да ги прекројуваат границите на Украина“, додаде шефицата на канадската дипломатија со желба „Украина да победи“.

Отава минатата недела тргна по стапките на други западни земји санкционирајќи ги двете ќерки на Путин, како и жената и ќерката на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Канада сака повторно да ја отвори својата амбасада во Украина, која беше затворена на 12 февруари поради ескалацијата на тензиите пред Русија да ја нападне Украина. Канадските дипломати избегаа во Полска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ