„Следната недела може да биде клучна за дипломатијата“, им рече Калас на новинарите, додавајќи дека „слушнале“ дека разговорите меѓу високите украински и американски делегации во Флорида биле тешки, но продуктивни.
„Сè уште не ги знаеме резултатите, но денес ќе разговарам со министерот за одбрана на Украина, како и со министерот за надворешни работи на Украина“, додаде таа.
Американската и украинската делегација ги опишаа разговорите во Флорида за планот за завршување на војната што САД го претставија пред десет дена како „продуктивни“. Американскиот претседател Доналд Трамп изрази оптимизам во врска со разговорите, додека американскиот државен секретар Марко Рубио, кој учествуваше во разговорите, беше повнимателен и рече дека „сè уште има работа“.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес треба да се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон во Париз.






