„Кога разговараме со земјите во регионот, тие велат дека се загрижени за граѓанските војни во Иран поради раководството на режимот и она што се случува таму“, рече Калас на видеоконференција на европските министри за надворешни работи и претставници на Советот за соработка во Заливот за ситуацијата во Иран и Блискиот Исток.
ЕУ сака да се најде дипломатско решение, додаде таа. „Војните завршуваат дипломатски и мора да има простор за дипломатијата за да се излезе од оваа спирала на насилство“.
ЕУ е „многу загрижена“ за безбедноста на пловидбата и сака Ормутскиот теснец да остане отворен, рече Калас, и бидејќи ЕУ не зависи од нафтата од земјите од Заливот, нападите не влијаат на безбедноста на снабдувањето на ЕУ, додаде таа.
На прашањето за конфликтот меѓу Шпанија и САД, во кој Мадрид се закани дека ќе ја прекине трговијата меѓу двете земји затоа што не дозволи неговите бази да се користат за напад врз Иран, Калас рече дека се надева оти Вашингтон ќе го почитува трговскиот договор постигнат минатата година, кој важи за сите членки на ЕУ.






