среда, 10 декември 2025

Калас: На Украина ѝ се потребни 20-40 милијарди евра помош

Министрите за надворешни работи на ЕУ на денешниот состанок треба да разговараат за новата иницијатива која би можела да обезбеди милијарди евра дополнителна воена помош за Украина. Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Каја Калас предложи на Украина да ѝ се обезбеди помош вредна меѓу 20 и 40 милијарди евра, јави дпа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Земјите-членки на ЕУ би придонеле за оваа сума врз основа на својата економска сила. Со цел да се спречи можното вето од страна на поединечни влади, учеството во иницијативата би било доброволно, се наведува во текстот до кој пристап имала германската новинска агенција дпа.

Унгарија во минатото одбиваше да ја поддржи воената помош на ЕУ за Украина, нарекувајќи ја бесмислена и велејќи дека ја продолжува војната. Министрите за надворешни работи не се очекува да постигнат договор за иницијативата, велат дипломатите, сугерирајќи дека ќе бидат потребни дополнителни разговори меѓу водачите на земјите. Тие треба да се сретнат за три дена на самит.

За некои земји, како Германија, поддршката предложена од Калас не би била проблем. Берлин веќе одобри помош од вкупно 4 милијарди евра за оваа година, а наскоро ќе бидат додадени уште 3 милијарди евра. Меѓутоа, другите големи земји како Франција, Италија и Шпанија би морале значително да ја зголемат поддршката за Украина доколку сакаат да дадат придонес пропорционален на својата економска сила.

Покрај финансиските ветувања, иницијативата поставува и цел за земјите-учеснички да достават два милиони парчиња артилериска муниција во Киев оваа година. Други теми на агендата на состанокот се односите на ЕУ со САД, нејзината политика кон Иран и ситуацијата на Блискиот Исток и Сирија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ