петок, 19 декември 2025

Калас: Да ѝ се дозволи на Русија да ги задржи украинските територии е стапицата во која Путин сака да влеземе

Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас предупреди на притисокот Украина да се принуди да ѝ отстапи територија на Русија како дел од идниот мировен договор, пишува Би-би-си.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Зборувајќи во своето прво интервју за британските медиуми откако лидерите на ЕУ се приклучија на мировните преговори за Украина во Белата куќа со Доналд Трамп, Калас изјави за Би-би-си дека да ѝ се дозволи на Русија да ги задржи украинските територии би претставувало „стапицата во која Путин сака да влеземе“.

Регионот Донбас во источна Украина долго време е предмет на спор со Русија, а воената агресија принуди околу 1,5 милиони Украинци да избегаат во текот на изминатата деценија, објави Би-би-си.

Украина постојано одбива да го отстапи Донбас на Кремљ во замена за мир, и покрај нагласувањето на Трамп на потребата од „размена на територии“.

Калас – кој е на „листата на барани“ на Кремљ – исто така детално зборуваше за „веродостојни и силни“ безбедносни гаранции за Украина.

Таа призна дека нема многу „конкретни чекори“ кон силите за одвраќање во оваа фаза од преговорите.

„Најсилната безбедносна гаранција е силна украинска војска“, рече таа, нагласувајќи ја важноста на воспоставување гаранции кои „не се само на хартија“.

Таа додаде дека на земјите-членки на „коалицијата на спремните“ е да утврдат точно што можат да придонесат и дека сè уште не е јасно во каков капацитет ќе дејствуваат таквите сили.

Лидерите на клучните земји од ЕУ, вклучувајќи ги Франција, Германија, Италија и Финска, му се придружија на украинскиот претседател Володимир Зеленски на разговори во Белата куќа минатата недела, неколку дена откако Трамп го угости рускиот претседател Владимир Путин во воена база во Алјаска.

Калас рече дека на самитот во Алјаска, Путин добил „сè што сакал“ и дека тоа ќе влијае на неговиот интерес за преговори за мировен договор.

„Тој доби толку топло добредојде, а сакаше и санкции да не се воведат, што и го постигна. Путин само се смее, не го запира убивањето, туку го зголемува. Забораваме дека Русија не направила ниту една отстапка“, рече Калас.

Таа додаде дека ЕУ подготвила 19 пакет санкции за да изврши притисок врз рускиот лидер да започне понатамошни разговори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ