сабота, 27 декември 2025

Како да се стане шпион на ЦИА – упатство на руски

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопштиле неименувани извори за весникот, ЦИА на социјалните мрежи објавила детални упатства на руски јазик за тоа како кодошите можат да обезбедат сигурност на преносот на податоци, без да бидат фатени.

Конкретно, разузнавачката агенција советува да се користи интернет пребарувачот Тор, кој овозможува анонимно сурфање по интернет, како и виртуелни приватни мрежи или ВПН. ЦИА советува во тие цели да не се користи приватен компјутер или компјутер на работното место.

„Сакаме да воспоставиме безбеден начин за воспоставување комуникација“, кажал неименуван американски разузнавач кој тврди дека „Русите се обидуваат да стапат во контакт со ЦИА“, пренесува Вашингтон пост.

Според упатството, кодошите треба да го наведат своето полно име, земјата од која пишуваат, официјалната должност, како и да прецизираат „каков пристап имаат до информации од значење“ за американската разузнавачка служба. Според поранешни разузнавачи, сите информации внимателно се анализираат и се проверуваат.

Со таквиот „нов пристап“ ЦИА се надева дека ќе добие повеќе официјални доверливи информации од Русија, пишува Вашингтон пост.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ