недела, 15 февруари 2026

Каја Калас им одговoри на САД: „Европа има животен стандард на кој ѝ завидуваат“

Шефицата на дипломатијата на Европската Унија, Каја Калас, денес ги отфрли обвинувањата на САД дека Европа е во фаза на распаѓање и наместо тоа го прикажа стариот континент како чувар на стандардите на слободата и напредокот.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Зборувајќи на последниот ден од Минхенската безбедносна конференција, Калас рече дека Европејците имаат „одличен животен стандард“ на кој луѓето ширум светот им завидуваат. Како доказ, таа ги наведе резултатите од анкетата што покажува дека 40 проценти од Канаѓаните би сакале да се приклучат кон ЕУ.

Нејзините изјави се одговор на тврдењата од новата американска стратегија за национална безбедност, каде што се наведува дека Европа е во „цивилизациски пад“ поради миграциите, културните и верските промени и намалувањето на наталитетот. Во документот се наведува дека Европа би можела да биде „непрепознатлива“ за дваесет години.

„Спротивно на она што некои го велат, Европа не е во цивилизациски пад“, рече Калас, додавајќи дека критикувањето на Европа станало модерно во некои политички кругови.

Поранешната премиерка на Естонија изнесе податок според кој нејзината земја е втора по слобода на медиумите според индексот на Репортери без граници. „Интересно е што земја која е на 58-мо место на таа листа нè критикува“, рече Калас, осврнувајќи се на Соединетите Американски Држави.

Според најновиот индекс за 2025 година, САД се наоѓаат на 57-мо место на листата на земји, што ја предводи Норвешка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ