Калас потсети дека санкции на ЕУ веќе се воведени против Иран, против оние кои се одговорни за кршење на човековите права, активности за ширење на нуклеарно оружје и поддршката на Техеран за војната на Русија во Украина.
Подготвена сум да предложам дополнителни санкции како одговор на бруталната репресија на режимот врз демонстрантите, изјави Каја Калас.
Изјавата на Каја Калас претставува најсилен одговор од претставници на ЕУ досега на ситуацијата во Иран, бидејќи претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, објави за време на викендот дека „Брисел ја следи ситуацијата“, додека претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, напиша на социјалната мрежа Икс дека „Европа мора да ја разбере својата должност и мора да дејствува“.
Во писмен одговор, Каја Калас истакна дека режимот во Иран има долга историја на потиснување на протестите, а сега е забележан силен одговор од безбедносните сили.
Граѓаните се борат за иднина што самите ќе ја изберат и ризикуваат сè за да се чуе нивниот глас, нагласи таа.






