Наградуваниот новинар и снимател Брент Рено (51) наводно бил застрелан кога руските сили отвориле оган во неговиот автомобил во близина на Ирпин, јавуваат светските агенции.
Друг новинар, кој бил со него во автомобилот, е префрлен во болница на лекување.
„Длабоко сме натажени од веста за смртта на Брент Рено. Брент беше талентиран фотограф и режисер кој со години соработуваше со Њујорк тајмс.
Иако во минатото соработуваше со Њујорк тајмс, последен пат во 2015, не му беше доделена задача од нас во Украина. Извештаите дека работел за Њујорк тајмс доаѓаат бидејќи имал наша новинарска легитимација која му била дадена за задача пред многу години“, порача Њујорк тајмс во соопштение.






