сабота, 6 декември 2025

Кадиров: Владимир Владимирович, чекаме наредба!

Чеченија е подготвена за војна со Европа и чека наредби од рускиот претседател Владимир Путин, изјави лидерот на регионот, Рамзан Кадиров.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

“Сигурно нема само да седиме, Владимире Владимирович, чекаме наредба! Сè ќе заврши многу брзо и дефинитивно не во корист на оние кои решилe да започнат војна со Русија”, рече Кадиров, пренесуваат украинските медиуми.

„Имам едно прашање, Владимир Владимирович: ако сето ова почне, нема ли да се навредите од нас ако веднаш ДОБРОВОЛНО почнат да се извинуваат?“, напиша тој.

Рускиот лидер Владимир Путин изјави дека европските предлози за мировен план се неприфатливи за Русија. Тој исто така додаде дека Русија нема намера да војува со европските земји, но е подготвена за војна доколку Европа ја започне.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ