петок, 26 декември 2025

Кадиров тврди дека Чеченците освоиле еден од најважните украински градови

Објавено на

часот

Сподели

„Борците на чеченските специјални сили ја имаат контролата над поголемиот дел на Попасна. Главните улици и централните делови на градот се целосно исчистени“, напиша Кадиров на Телеграм.

Кон средината на април руските сили почнаа нова офанзива долж поголемиот дел на источното крило на Украина, а некои од најинтензивните напади и гранатирања неодамна се случија токму во околината на Попасна во Луганск.

Украинската страна, пак, наведува дека тешките борби за градот продолжуваат.

„Битката за Попасна е во тек. Руските пропагандисти радосно јавуваат дека веќе ја зазеле, но не е така. Ова е, само оваа недела, нивно 117 тврдење за „освојување на Попасна““, кажа Алексеј Арестович, советникот на украинскиот претседател.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ