„Штом Зеленски одговори на нашето барање да го прекине отпорот и да седне на маса за мировни преговори, ќе му дадеме таква прилика. Можеме дури да организираме и посебна емисија во Грозни“, напиша Кадиров на Телеграм.
Според чеченскиот лидер, таквата понуда е дадена на барање на негов сонародник, кој сега учествува во „специјалната воена операција во Украина“.
„По завршувањето на воената операција, поранешниот претседател на Украина ќе мора некаде да заработува, а Ајуб бара да му дадеме шанса да се појави во Клубот на веселите и снаодливите во Чеченската Република“, порача Кадиров.
Тој додаде дека неговата понуда важи одредено време, бидејќи „после ќе биде доцна“.






