недела, 22 март 2026

Кац: Израелската војска доби наредба да го забрза уривањето на куќите во либанските села на фронтовската линија

Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, денес изјави дека тој и премиерот Бенјамин Нетанјаху ѝ наложиле на војската да го забрза уривањето на либанските куќи во „селата на линијата на фронтот“ за да се стави крај на заканите за израелските заедници.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Војската доби инструкции веднаш да ги уништи сите мостови над реката Литани во Либан кои биле користени за „терористички активности“, изјави Кац во соопштението објавено од неговиот кабинет, пренесува Ројтерс.

„Премиерот и јас им наредивме на Израелските одбранбени сили (ИДФ) веднаш да ги уништат сите мостови над реката Литани што се користат за терористички активности, со цел да се спречи преминувањето на Хезболах и оружјето кон југ“, рече Кац.

Тој додаде дека ИДФ ќе мора да „го забрза уништувањето на либанските домови во селата на првата линија на фронтот“, како што беше направено во „Беит Ханун и Рафа“ во Појасот Газа.

Израелската војска минатата недела објави дека уништила два моста над реката Литани, која тече низ јужен Либан на околу 30 километри од границата со Израел, како дел од офанзивата против Хезболах.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ