недела, 7 декември 2025

Јужна Кореја: Русија веројатно ѝ помага на Северна Кореја да развива подморници

Северна Кореја веројатно добила техничка помош од Русија за развој на своите подморници, изјави денес министерот за одбрана на Јужна Кореја, Ан Гју-бек, пред парламентот.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Северна Кореја вети дека ќе развива подморници што можат да лансираат балистички ракети и тестирала такви ракети од подводни платформи, но не е јасно дали Пјонгјанг го совладал лансирањето од подморници. Исто така, развива подморници на нуклеарен погон.

Ан на сослушувањето на парламентарниот одбор за одбрана изјави дека се чини дека е вистина дека Северна Кореја добива „различни технологии“ за развој на своите подморници. Но, министерот рече дека е прерано да се заклучи дека Пјонгјанг тестирал лансирање балистичка ракета од подморница.

Северна Кореја и Русија драматично ја подобрија воената соработка во последните две години, а според проценките на јужнокорејските разузнавачки служби, Пјонгјанг распоредил повеќе од 10.000 војници за борба во војната против Украина во замена за економска и воено-технолошка помош.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ