За време на вчерашниот состанок со кардиналот Пјетро Паролин, државниот секретар на Ватикан, Ву рече дека посетата на папата Лео ќе биде од големо значење и за светскиот и за меѓукорејскиот мир доколку се одржи за време на Светскиот ден на младите во 2027 година што ќе се одржи во Сеул, објави Јонхап.
„Меѓу 400.000 и милион млади учесници од целиот свет ќе се соберат во Сеул, а тоа ќе биде можност да се споделат вредностите на мирот и солидарноста. Се надеваме дека овој настан ќе претставува нова пресвртница за мирот на Корејскиот Полуостров“, рече тој.
Паролин изрази жалење за прекинот на меѓукорејските преговори и ги поддржа обновените напори на Јужна Кореја повторно да започне дијалог со Северна Кореја. „Ватиканот целосно ги поддржува напорите на јужнокорејската влада и парламентот за воспоставување мир на Корејскиот Полуостров“, рече тој, ветувајќи дека ќе му го предаде писмото на папата Лео.
Ву моментално е на 10-дневна турнеја за време на која, покрај Италија, ќе ги посети и Португалија и Шпанија на разговори за билатерална соработка во областите на синџирите на снабдување, обновливата енергија и други клучни прашања.






