вторник, 31 март 2026

Јужна Кореја ѝ одговори на Северна Кореја – и таа лансираше проектили

Објавено на

часот

Сподели

Јужнокорејската војска, исто така, изјави дека е подготвена, доколку е потребно, прецизно да ја таргетира областа од која Северна Кореја истрела балистички ракети, пишува Скај њуз.

Северна Кореја денеска истрела можна интерконтинентална балистичка ракета (ИЦБМ), што би било прво такво лансирање во целиот опсег на најголемите ракети од 2017 година.

Северна Кореја денеска истрела можна балистичка ракета во водите источно од Корејскиот Полуостров, соопшти кабинетот на јапонскиот премиер. Јужна Кореја исто така извести за лансирањето, велејќи дека сè уште се обидува да утврди колку точно проектили биле лансирани. Јапонските власти наведуваат дека проектилот паднал на 170 километри од границата, пишува Франс прес.

Јужнокорејскиот началник на здружените сили изјави дека е откриено лансирање на „неидентификувана ракета“ од Северна Кореја. Тој рече дека се смета за проектил со долг дострел, можеби интерконтинентална балистичка ракета (ИЦБМ), објави Јонхап.

Јужна Кореја свика состанок на Советот за национална безбедност за севернокорејското прашање во врска со последното лансирање. Јужнокорејското Министерство за одбрана не можеше веднаш да потврди дали се работи за ИЦБМ. Северна Кореја нема тестирано вакви ракети од 2017 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ