недела, 15 март 2026

Јутарњи лист: Вучиќ е на маки, од САД и ЕУ доби силен удар поради Украина

Објавено на

часот

Сподели

Јутарњи лист се осврнува на тоа што Ивица Дачиќ, претседателот на српското собрание и прв човек на СПС, кажа дека Србија нема да учествува во братоубиствената војна на Украинците и Русите.

„Ние сакаме да се зачува мирот, не е лесно, гледате како два братски народи лесно се скаруваат во интерес на трети како Русите и Украинците“, кажа Дачиќ и праша реторички зошто сега некој од Србија би барал да се изјаснува.

„Ние како народ секогаш сме биле храбри да кажеме не. Им благодарам на Турците што нè научија да кажеме јок“, кажа Дачиќ.

Во меѓувреме во Белград стигнаа две барања да се изјасни.

„САД веруваат дека Србија ќе застане рамо до рамо со Европската Унија во почитувањето на меѓународното право за да се заштитат мирот, просперитетот и стабилноста низ регионот“, соопшти американскиот Стејт департмент, додавајќи дека Вашингтон ја поздравува неодамнешната изјава на Вучиќ дека Србија ја разбира важноста на почитувањето на територијалниот интегритет на Украина.

Што е исклучително тежок удар за досегашната српска политика, „на седење на две столици“, како што оценува хрватскиот весник – истовремено мора да бидат добри со ЕУ, но и со Русија.

Поради тоа што, ако Вучиќ ги поддржи санкциите на ЕУ на Русија, како што од него се очекува, се отвара можноста рускиот претседател Владимир Путин да го раскине договорот за повластените цени на гасот.

Бидејќи, како што оценува Јутарњи лист, Путин сега го дели светот на оние кои се со Русија и оние кои се против неа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ